„Прва емотивна реакција на денешното излегување на Мицкоски, што ми доаѓа на памет е дека не можам да замислам човек на опозициска партија да легнува со мислата да го види Заев поразен“, вели политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Според него, вистински лидер на опозиција на следните локални избори треба да мисли со која програма и кандидати ќе излезе пред граѓаните.
„Тој само повторно го зајакнува негативитетот и бесот и да бидам искрен тој човек помалку ме плаши, поради неговата политичка невтемеленост“, додава Јовановиќ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција го анализираше и го критикуваше по области владеењето на СДСМ, почнувајќи од првата влада на Заев избрана на 1 јуни 2017 година.
„Одговорноста за смена на власта е на опозицијата и јас со таа одговорност заспивам и се будам. И ќе продолжам да се борам, но секој еден е важен во борбата за иднината на Македонија. Мафијата мора да биде на колена и спроведена пред лицето на правдата, доста е!“, вели Мицкоски.