Точно е дека економската состојба не е нешто многу добра, но далеку од тоа дека е катастрофа. Ако ги видите параметрите за првата половина на годината, Македонија има раст на вкупната економска активност од 3 отсто, што значи дека на агрегатнo ниво на економијата не и оди толку лошо. Од друга страна ако видите како е распределен тој нов доход, ќе бидите дека платите на работниците се намалени во одреден износ, иако се зголемени номинално како што се фали Владата. Ако гледате во реални вредности, што ќе купите со тие пари, нивната вредност е намалена, рече универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ.
Тој порача дека просечната плата во јуни во реален износ е намалена за 3 отсто.
-Тоа значи дека разликата оди кај некој друг, а тоа се газдите на фирмите. Тие се уште поминуваат многу добри, како супермаркетите, трговците со храна, безинските пумпи, трговците со нафта. Се уште нема официјални податоци за 2022. Како ќе се преживее во оваа ситуација зависи од тоа што ќе направи Владата, кажа Јовановиќ во емисијата „24 отворено“.
Според него, треба да се ограничат и цените на нафтените горива.
-Цените скокаат до небо, нафтените компании профитираат, вели Јовановиќ.