397
„Секоја одлука е лична одлука. Рашковски си поднесе оставка и тоа е негов морален чин“, вели политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ во емисијата „Само вистина“ за вчерашната оставка на Драги Рашковски.
„Ги следам тезите на владата во јавноста, дека секој што се огрешил во работата ќе си одговара и во тој бран на движење, гледаме дека се испорачуваат и луѓе кои се блиски или дел од Владата. Во време на ВМРО-ДПМНЕ, вакви работи не се случуваа“, потенцира тој, додавајќи дека ќе видиме што ќе покаже истрагата, која Обвинителството веќе ја започна, со чешлање на спорните документи во Владата, со набавката на софтверот на Рашковски.