Јовановиќ: Овие два месеци беа страшно брутализирани од опозицијата, оваа агонија мора да се заврши со брзи избори

од Nikola Popovski

Колумнистот и аналитичар, Ненад Јовановиќ за емисијата „Само вистина“ изјави дека била очекувана одлуката на Уставниот суд за да не се врати Собранието. За него, втората половина на јуни е најдобар период за одржување на изборите.

„Очекувам да се оди на брзи избори, во овој момент демократијата е суспендирана. Мора да се види реално кој во оваа криза што работел, да се види кој се грижел за граѓаните, а кој опструирал“, вели тој.

Според Јовановиќ, овие два месеци биле страшно брутализирани од опозицијата и затоа мора оваа агонија да се заврши со брзи и предвремени избори.

„Мора да се пофали министерот Филипче кој исклучиво мирно и стабилно ја водеше оваа криза. Исто така фер е да се пофалат здравствените работници, кој издржаа огромен товар“, вели аналитичарот.

Слични содржини