Јовановиќ: Покачувањето на минималецот не ги погодува фирмите

од Nikola Popovski
333 прегледи

Стравот и резервата на работодавачите беше разбирлива, затоа што со покачувањето на минималната плата за 20% во услови на голема неизвесност и тие се плашат дека може ќе им се намалат добивките, што би довело до пропаѓање, вели професорот по економија, Бранимир Јовановиќ во гостувањето на емисијата „Економски магазин“.

Според него, работодавачите и газдите не треба да се секираат.

-Анализата покажува дека покачувањето на минималецот не ги погодува фирмите во Македонија. Тоа е добро и за фирмите, затоа што ја зголемува продуктивноста на работниците. И фирмите ќе добијат со покачувањето. Работодавачите мораат да признаат дека ова е добра одлука, констатира Јовановиќ.

Слични содржини