Катица Јанева и нејзината екипа со „Рекет“ длабоко не разочараа, но мора јасно да се каже дека во јуни „Рекет“ беше обид за пад на владата на Зоран Заев. Очигледно е дека Јанева посредувала со Бојан Јовановски, но атмосферата и наративот кој во целиот тој период се одвиваше беше тенденциозен за директен пад на владата. Како владата да е виновна за „Рекет“. Адресирано беше дирекно за Зоран Заев, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ на вечерашната дебата на ТВ24.
-Исто така треба да не заборавиме дека Јанева беше донесена со декрет од сите политички партии. Во политиката кога нешто се носи со декрет тоа е „мачка во вреќа“. Мора некои процеси да созреваат за таква сериозна институција да ја инсталирате во земјата. СЈО требаше да биде надвор од институциите на судскиот систем за да почне да гони сериозен криминал. Оваа земја беше киднапирана, во таа неможност да се испорача правдата се оформи СЈО. Катица Јанева е жена која требаше да ја донесе правдата и сега сите сме осакатени од тоа што се случи со аферата „Рекет“, вели Јовановиќ.