Јовановиќ алармира: Повеќе од четвртина од државата до крајот на годината ќе живее во умерена сиромаштија

од Nikola Popovski

Економскиот истражувач и професор Бранимир Јовановиќ смета дека до крајот на годинава, умерената сиромаштија во државата ќе порасне за 80 и 160 илјади граѓани, што значи дека ние би имале вкупно 510 000 граѓани што се во таа категорија. Како што појаснува, во умерена сиромаштија, спаѓаат сите што имаат помалку од 200 денари на ден, што значи повеќе од четвртина од државата ќе имаат само за преживување.

-Препораките се дека државата мора да ги замрзне цените и да ги држи така подолго време, барем половина година за да се спречи инфлацијата. Паралелно со тоа, мора да се зголемат сите примања на луѓето, доколку сака да го ублажи овој пораст, истакна Јовановиќ.

Тоа значи дека повеќе од четвртина од државата ќе живеат во умерена сиромаштија.

Јовановиќ учествуваше на панел – дискусија на тема „Достоинствен живот или преживување?“, на која беше присутен и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Слични содржини