Јовановиќ: Македонија е една од ретките земји во источна Европа каде платата во реален износ е повисока од пред неколку години

од Nikola Popovski
439 прегледи

„Платите пораснаа во реален износ, не само во номинален. Ако реално ја земете куповната моќ на платата денес е повисока отколку пред три години. Во 2023 година платата реално порасна за околу 5 отсто, кога ќе се коригира за инфлацијата, што е повеќе од падот во 2022 година“ рече економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни студии.

Тој додаде дека реалната, куповна моќ на платите во земјава денес е повисока од пред три години, што не е случај со другите земји од соседството.

„Во Србија реалната плата е пониска сега од пред две години, како и во повеќето земји од регионот. Македонија е една од ретките земји од Источна Европа каде платата во реален износ е повисока од пред неколку години“ рече Јовановиќ во емисијата „Студио 10“.

Професорот додаде дека има реален раст на платите во мандатот на оваа влада, што значи дека е подобрен животниот стандард на граѓаните.

Слични содржини