Јовановиќ: Во ЕУ не се плаќа провизија ако вадите пари од друг банкомат, во Македонија нема таква регулатива

од Nikola Popovski

Не постои ризик дека на глобално ниво ќе се врати плаќањето во кеш, наместо со дебитна или кредитна картична поради провизиите, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Смета дека тенденциите се се малку да се користи кешот, а се повеќе да се користат картичките.

-Во Виена е интересно што луѓето тоа не го прават поради тоа не сакаат да плаќаат даноци, туку поради револт. Виена е позната како луѓе со социјалистички убедувања на пазарчињата и малит бизниси и не сакаат да им даваат пари на банките. Зачестена е појавата и во други градови, но интересно е што во ЕУ, кога вадите пари од банкомат,, а да не е вашата банка, нема да ви земат провизија. За разлика од Македонија, ако имате картичка од Стопанска банка, а вадите од Комерцијална, плаќате провизија. Секаде во ЕУ не е така и тоа е едно подрачје каде државата може да го регулира. Во ЕУ има таква регулатива, рече Јовановиќ во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини