Joвановска: Како купувате возило за „Комуналец“, а работниците немаат земено плата?

„Дали парите наместо за работниците можеби отидоа кај фирми кои се ангажираа за фамозната акција за чистење на Скопје за 72 часа“, праша советничката Јовановска на седницата за прашања во Советот на Град Скопје

од Nikola Popovski
56 прегледи Фото: Принтскрин/Град Скопје

„Лошата состојба на јавните претпријатија е резултат на лошите досегашни политики на СДС и ДПМНЕ кои 30 години наназад наизменично се менуваа на власт, како на локално, така и на централно ниво“, – истакна координаторката на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска на денешната седница за советнички прашања.

Јовановска праша зошто се доцни со исплатата на платата во ЈП „Комунална хигиена“ кога, како што вели, со ребалансот на Буџетот се предвидоа дополнителни средства за ова претпријатие и дали парите наместо за работниците можеби отидоа кај фирми кои се ангажираа за фамозната акција за чистење на Скопје за 72 часа.

Од Левица велат дека за време на говорот, советничката постојано била прекинувана од страна на претседателот на Советот на Градот, очигледно, како што истакнуваат, со намера да се направи дефокус од незгодните прашања.