Јовановска: Одјавите во АВРМ незначат секогаш престанок на работниот однос

од Vladimir Zorba

Одјавите во Агенцијата за вработување не значат престаноци на работниот однос кај лицата. Во споредба со минатата година нема драстични промени во пријавите и одјавите што ги прават работодавачите. Ова вечерва во емисијата Топ тема на ТВ Телма го истакна директорката на АВРСМ Билјана Јовановска прашана за гужвите пред Агенцијата и дали тоа се должи на отуштања на работници.

-Агенцијата нуди услуга на работодавачите да спроведуваат пријава и одјава од задолжително социјално осигурување, а тоа значи дека лицата можат да бидат пријавени за социјалното сигуровање, но можат да бидат и одјавени. Едно исто лице во текот на месецот може да биде одјавено и наредниот ден да биде пријавено. Одјавата како процес се бележи и кога станува збор за мирување или неплатени отсуство од работа, појасни Јовановска.

Според неа, бројот на невработени за март е зголемен за 1 900-2 000 лица. Таа информираше дека невработените со уредба на Владата за време на вонредната состојба не мора да се пријавуваат бидејки нив системот ги оправдува и се заштитени. Оние лица кои остануваат без работа или првпат се пријавуваат во Агенциијата тоа можат да го направат во центрите на АВРМ, појасни Јовановска.

Директорката на Агенцијата информираше дека АВРМ работи на активните мерки на Владата и оти веќе се подготвени договори за вработување на 1 500 лица кои следната недела ќе засноваат работен однос кај приватните работодавачи со тоа што значи има вработување и регистрирање на пријави во задолжително социјално осигурување.

-Овие 1.500 лица влегуваат во дејностите угостителство, влегуваат во дејностите текстил и најразлични видови на дејност. Како институција не забалежуваме драстични промени во пријавите и одјавите во задолжително социјално осигурување споредено со 2019 година, а ако земеме во предвид дека 2019 година имаше најмногу регистрирани пријави на работен однос односно задолжително социјално осигурување, истакна Јовановска.

Слични содржини