507
Разрешена е директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурувањена Македонија, Билјана Јовановска, потврдија за „Локално“ од ПИОМ.
Оттаму информираат дека на денешната седница на Управниот одбор била донесена одлука за нејзиното разрешување.
Дритан Беџети од Алтернатива треба да ја наследи позицијата на Јовановска.Тој беше предложен од новиот коалициски партнер во Владата – Алтернатива.
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши при изборот на своите кадри кои ќе ги предводат јавните институции побара задачата што им е доверена да ја вршат со достоинство, со почит и во согласност со политичките и етичките начела на партијата.