Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа. Oд друга страна, екс-градоначалничката Данела Арсовска му возврати дека лаже и побара да ги објави со име и презиме.„3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници“, тврди поранешната „градска мајка“.
За советничката во Советот на Град Скопје од редовите на Левица, Катерина Јовановска, логично е ако некој не оди на работа да биде отпуштен, но овде се поставува прашањето како градоначалникот уште првиот ден по преземањето на функцијата знаел кој не одел на работа и кого треба да отпушти.
-Доколку тие информации ги имал од членовите на управните одбори на јавните претпријатија од кои мнозинство се од неговата партија, се поставува прашањето зошто до сега управните одбори не алармираа и ниту еднаш за тоа не го известија Советот на Град Скопје? Сите овие прашања вoдат кон сомневање од повторно прeземање на политички мерки за ПР цели, а дали истите ќе се искористат за нови партиски вработувања ќе видиме многу брзо кога на дневен ред ќе дојдат плановите за вработување во јавните претпријатија, истакнува, меѓу другото, Јовановска во разговор за „Локално“.