Јовановска за РСЕ: Пензискиот фонд е стабилен, пензиите ќе се исплаќаат навремено

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Пензионерите може да бидат сосема спокојни, Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата, вели за РСЕ, директорката на ПИОМ Билјана Јовановска.

„Имајќи предвид дека во корона-кризата Владата донесе одлука пензиите се уште ги исплаќаме и предвреме, односно еве и сега на крајот на месецот ќе бидат исплатени јулските пензии. Во делот на планираните приходи и расходи се сè одвива онака како што беше предвидено, како што беше планирано. Во првите пет месеци приходите остварени во споредба со првите пет месеци од 2020 година се зголемени за 6,5 проценти. А во делот на она што беше планирано за првите пет месеци имаме зголемување за два проценти. Што значи дека овие показатели упатуваат дека Пензискиот фонд е стабилен, пензиите ќе се исплаќаат навремено, редовно и нема никаков проблем во врска со одржливоста на буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување“, истакна таа.

Слични содржини