Јовановски: Ако работникот сака да работи во недела, а да одмори некој друг ден, тогаш треба да му се дозволи

од Nikola Popovski

Голем број компании имаа забелешки во однос на недела неработен ден. Имаше опсежни разговори со претходната Влада и некои сугестии беа прифатени, а некои не, вели потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Зоран Јовановски во емисијата „Топ тема“.

Според него, перцепцијата е правото на работа не може да биде со помало значење од правото на одмор.

-Законското решение има цела низа исклучоци и затоа ова е во судир со основните уставни начела. Оваа релација треба да биде решена меѓу работодавачот и работникот. Тие се две договорни страни. Ако на работникот му е понудено да работи во недела, на сметка на друг ден од неделата да го користи правото на одмор и тој го сака тоа, тогаш треба да им се даде можност да се реализира. Поентата е пазарот да го регулира тоа, оценува Јовановски.

Денес Стопанската комора пред Уставниот суд ги оспори законските измени на Законот за работни односи со кои се воведе правилото дека недела е ден за одмор односно неработна. Според нив, законот е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво.

Слични содржини