Јовановски: Добро би било томосот за автокефалност на МПЦ да ги опфати и епархиите надвор од земјава

од Nikola Popovski
292 прегледи

Треба да причекаме како ќе изгледа томосот за автокефалност. Дали ќе се однесува само на територијата на Македонија или на епархиите на МПЦ надвор од земјава. На пример, Црквата на Грција нема епархии во САД. Таму има ГПЦ, но е под јурисдикција на Вселенската патријаршија, вели Далибор Јовановски, професорот на Институтот за историја на Филозофскиот факултет.

Тој појаснува сега е вештина на црковната дипломатија како ќе стигне до тој томос и што ќе опфаќа.

-Од ова што го читаме можеме само да вадиме претпоставки кои на крај можат да се покажат како неточни. Првите реакции од Србија беа навредливи, а после заедничката литургија во Белград повторно се говореше за Македонци и МПЦ. Во Бугарија исто така на почетокот имаше негативни реакции. Треба голема вештина околу ова. Треба да бидеме внимателни и воздржани, рече Јовановски во емисијата „Топ тема“.

Професорот додава дека ако томосот биде како што е признавањето на МПЦ-ОА само како Охридска архиепископија, само на територијата на Македонија, повеќе е јасно дека епархиите надвор од земјава нема да бидат дел од МПЦ-ОА.

-Ако томосот предвидува нешто повеќе, тогаш би било добро. Не е прашање кога ќе има томос, туку каков ќе биде, констатира Јовановски.

Слични содржини