Јовановски: Гостите од Бугарија покажаа кој ги заострува односите

од Берта Китинска

Доаѓањето на гостите од Бугарија, не можам да кажам бугарска делегацијата, претставува прекршување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, вели Далибор Јовановски универзитетски професор за „Студио 10“ .

-Без разлика што сите тие гости беа во приватна улога, требаше да размислат дека ќе предизвикаат жестоки реакции во Македонија,ќе предизвикаат проблеми внатре на македонската политичка сцена, можеби тоа било и целта. Тоа што е добро е дека се виде кој ги заострува односите. На бугарската тактика до пред некој месец главни виновци за односите помеѓу Македонија и Бугарија беа македонските историчари, членови на комисијата. Кога Петков дојде на власт, се гледа дека има големи проблеми во коалицијата во бугарското општество ,мислам дека не му требаше да дојде во Македонија и тоа да го направи , бидејќи фрла сомнеж дека не сака искрено решение на проблемот, смета Јовановски.

Слични содржини