Јовановски со предлог: На пироманите да им се достави сметка да платат за трошокот за ангажирање хеликоптери и пожарникари

од Nikola Popovski
422 прегледи

Поранешниот член на СДСМ и актуелен потпретседател на Стопанската комора, Зоран Јовановски смета дека мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот. Сва пред се однесува на лицата кои предизвикуваат пожари, со кои Македонија се бори во последните повеќе од месец дена.

-Македонија цел месец се бори со пожари и скоро секој ден дознаваме за некој фатен пироман. На сите такви треба прво да им се испостави сметка и да платат за трошокот за ангажирање хеликоптери, пожарникари и тоа да биде од имотот што го имаат (пари, станови, куќи, коли, или од тоа што ќе го заработат во иднина). После доаѓа затворската казна за “предизвикување општа опасност”. Така секој ќе си размисли дали да подметнува пожари, истакнува Јованоски во објава на социјалните мрежи.

Потенцира дека поенатата е криминалот да се направи финансиски неисплатлив.

-Мислам дека тоа е убедливо најголемата казна за криминалците во Македонија. И ги има многу што би одлежале години затвор, ама да им останат парите или ненадоместена штетата што ја направиле, додава Јованоски.

Македонската полиција веќе уапси неколку предизвикувачи на пожари ширум земјава, а последниот случај беше вчера, кога од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с. Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар.

-Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од МВР.

Слични содржини