Јовановски: Вилма преку пораки ме информираше за апсењето на Стевчо Јакимовски

од Берта Китинска

На денешното рочиште во случајот „Меѓународен сојуз“ , првообвинетиот Бојан Јовановски  и поранешната потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, побараа одземање на обвинителката Вилма Рускоска од случајот.

Јовановски рече дека во мобилниот поседува комуникации од разни апликации кои покажуваат дека Русковска постапувала пристрасно. Додека пак Ременски додаде дека тоа се нови околности и дека Русковска треба да биде изземена.

-Со лицето Вилма имам остварено комуникација која на ова усб ќе го доставам, ќе се види како Вилма ме информира за апсења и притвори на повеќе лица, ми дава информации за службени дејствија за да го искористи медиумскиот простор на тогашната 1тв. Во оваа комуникација ќе се видат и лични квалификации за одредени лица како постапувала Вилма. Вилма во пораките ме информира за апсењето на Стевчо Јакимовски и ми вели дека треба да пратам тв екипа, истакна Јовановски.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Слични содржини