По полемиката со Бугарија, кога стана јасно дека Бугарија нема да се согласи Македонија да ги отпочне разговорите за влез во ЕУ, почнаа шпекулации. Дали некој влијаел врз Бугарија, врз одлуката, има кај нив силни проруски чувства. Бугарите сега велат, не ставивме вето, но ние мора да ги следиме сите состојби во регионот, вели проф. Далибор Јовановски, историчар во Студио 10 на ТВ24.
Тој вели дека е уверен дека Бугарија ветот не го направила без премолчена поддршка од ЕУ.
-По ветото ќе видиме како ќе се развиваат состојбите и како ќе се позиционираат останатите сили во оваа ситуација. Ние во 30 годишниот спор со Грција, 28 години имавме поддршка. Со Бугарија спорот е поопасен, Бугарите се свени дека ние немаме капацитет да тргнеме кон нејзе за да имаме територијални претензии, Петар Стојанов токму овој дел го посочи тој дел како најромантичен бидејќи за голе дел од нив ако го нема македонскиот дел во бугарската историја таа би била многу празна, вели Јовановски.
Во однос на изјавите на Захариева за Тито дека е, Јовановски вели дека тому тој и Сталин ја спасиле Бугарија при Париската мировна конференција.
-Захариева Тито го декларираат како злосторник, диктатор. Тито и Сталин ја спасија Бугарија при Париската мировна конференција 1946/47, измешани се многу работи, тоа се факти, некој што не ја знае добро историјата настојувајќи да ја испровоцира другата страна, самиот влегува во замката. Бугарските историчари го знаат ова, го пишуваат“ – вели Јовановски.