Најдобро е премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да поднесе оставка и да им овозможи на одделните институции со помош на пријателите од Европската унија да ја завршат професионално и непристрасно целата работа.
Да се разбере изворот на записите, да видиме кој запишувал и зошто тоа го правел. Во исто време, сепак, да се разбере и целата содржина на евиденцијата. Треба да се разбере дали актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е навистина патриотско, колку ја сакаат татковината и на каков начин ја владеат нашата земја. Треба да се разбере за сите криминални и нелегални активности. Сето ова има една единствена цел – секој да добие заслужената казна.Само на овој начин партијата ќе остане единствена и повторно ќе победи на следните избори.
Ако сето ова не се случи, тогаш, а јас сум убеден дека не е далеку денот кога како резултат на се поголемото незадоволство на граѓаните, ќе бидат сведоци на “феноменот народ”. Лично не сакам да бидеме сведоци на повторување на настаните од Букурешт од крајот на 1989 година и падот на романскиот диктатор Николае Чаушеску. Но, по се изгледа дека работите одат во таа насока.
Ако Груевски навистина посакува доброто на граѓаните, на државата и партијата, тој мора да ја напушти политичката сцена веднаш.
Во однос на средбата во Брисел меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ со посредство на европратеници за наоѓање излез од кризата – не сум голем оптимист.
Од СДСМ многу јасно кажаа дека нема да има преговори пред составувањето на новата преодна влада. Од друга страна, Груевски се обидува преку насилно собирање на луѓе од различни градови на Македонија да изврши притисок и да се продаде поскапо. Да добие амнестија. Тој, сепак, треба да знае дека амнестија може да има само за прислушувањето, но не и за злосторствата кои се извршени врз македонскиот народ.
…………………………………….
Неговата статија е напишана специјално за БГНЕС.

