Јовески до Ковачки: Вашите закани не ме секираат, не поднесувам оставка

од Nikola Popovski
421 прегледи

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска се обрати од собраниската говорница, каде што одговараше на пратенички прашања поставени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Како што кажа Јовески, заканите токму од Ковачки кон него воопшто не го секираат.

Одговорно ја извршувам функцијата, задоволен сум од состојбата во обвинителството. Ние заедно со другите истражни органи ги преземаме соодветните мерки за незгодите со палење автомобили и откривање на сторителите. Истрагата не се спроведува во првиот момент. Се преземаат дејствија во утврдување на околностите дали има кривично дело и евентуално утврдување на тие што го сториле тоа, му рече Јовески на Ковачки.

Според него, довербата во Јавното Обвинителство е став на перцепција.

-Таа доверба не е неповолна за Обвнителството, но и за Собранието. Поддржете ги активностите на ЈО и правосудните органи з а справување со ваквите состојби, кажа обвинителкот, појаснувајќи дека нема да поднесе оставка.

Можам да ве известам дека тоа задоволство нема да ви го овозможам, одговори Јовески.

Слични содржини