226
Врз основа на добиенитe сознанија и преземенитe дејства на Обвинителството, обвинетиот Сашо Мијалков, попладнево се јави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде што му е врачено решението за домашен притвор, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за МИА.
Тој додаде дека по врачување на решението за домашен притвор, обвинетиот ќе биде спроведен на извршување на мерката.