Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја осудува постапката на дел од обвинителите во ЈОРМ за објавеното соопштение за кривичниот предмет во врска со трагичната смрт на Алмир Алиу, бидејќи смета дека таквото обраќање е непрофесионално и е прекршен Етичкиот кодекс на јавните обвинители во Македонија.

„Како Јавен обвинител на Република Македонија ја осудувам постапката на дел од јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија за објавеното соопштение за кривичниот предмет во врска со трагичната смрт на 4-годишниот Алмир Алиу, бидејќи сметам дека таквото обраќање е непрофесионално и дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко е прекршен Етичкиот кодекс на јавните обвинители во Република Македонија. Нивната постапка ја доведува под сериозно сомневање независноста, непристрасноста, лојалноста и достоинството на јавниот обвинител, бидејќи нивниот настап е предизвикан од други цели кои не се поврзани со извршување на јавнообвинителската функција“, наведува во пишаната изјава Јовески.