415
Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески е добар и е пуштен дома откако вчера бил повреден на кејот на реката Вардар.
„Во врска со написите во некои медиуми, Јавниот обвинител на Република Македонија, ја известува јавноста дека попладнево, рекреирајќи се покрај кејот на реката Вардар, симнувајќи се по скалите падна при што се здоби со гребаници од бетонската подлога. Гребаниците се санирани од здравствени работници и Јавниот обвинител е пуштен дома“, појасни кабинетот на Јаниот обвинител.