Јовески: Продолжниот кабел е само причина за пожарот, виновникот се уште се бара

од Берта Китинска
516 прегледи

За јавното обвинителство, продолжниот кабел е само причина за пожарот додека виновникот се уште се бара бидејќи како што вели за Сител Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески.

„ Се прибираат и други вештачења, документација, податоци, сведочења. Сите тие ќе бидат предмет на разгледување и анализа, по што обвинителите ќе донесат одлука за натамошниот тек на постапката.Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната болница во Тетово е дел од доказите кои ги прибира обвинителството. Целта на нашето работење е да се проверат сите аспекти на настанот и да се утврди вистината и точната причинско-последична поврзаност за настанување на овој трагичен настан“, вели Јовески.

Слични содржини