Јовески утврдил низа пропусти во случајот со финансиската полиција, Русковска го оспорува извештајот

од Берта Китинска
177 прегледи

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска го оспорува извештајот изготвен од Јавното обвинителството на Љубомир Јовески, во однос на претресот во Управата за финансиска полиција.

Во изјава за медумите вели дека Јавното обвинителство, не тој што треба да одлучи дали претресот во Управат има недоследности.

Двајца јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Севера Македонија, постапувајќи по претставка од Управата за финансиска полиција, во согласност со членот 28 од Законот на јавното обвинителство, извршиле надзор и увид во предмет оформен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Јавните обвинители изготвиле службена белешка за увидот во постапувањето во предметот и ја доставиле до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

– При вршењето на надзорот, јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале во предметот беа задолжени да изготват информација за наводите во претставката. Меѓутоа, само еден од јавните обвинители постапи по задолжението и ја достави бараната информација. Одбивањето да се даде бараната информација за да се утврдат фактите за постапувањето по конкретниот предмет, го поткрепува сомнежот за недоследности во постапувањето, се вели во соопштението денеска од Jавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Со надзорот во предметот е утврдено дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција примило анонимна кривична пријава на 3.5.2022 година, а на 18.7.2022 година изготвено е барање за издавање наредба за претрес. Барањето истиот ден е доставено до Основниот кривичен суд Скопје.

Слични содржини