Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во своето предновогодишно обраќање порача дека Јавното обвинителство било исправено пред бројни предизвици и година во која покажале неселктивност во спроведувањето на законите.
Тој смета дека неопходно е донесување на нов Закон за јавно обвинителство, но нагласи тој „да не биде предмет на политички пресметки“.
– Не само заради Европа, туку и заради нас самите, итно ни е потребен квалитетен закон за Јавно обвинителство, смета Јавниот Обвинител.
На своите колеги им соопшти дека ја имаат неговата целосна поддршка „да не потклекнуваат под ничии притисоци“ и да работат во рамките на своите надлежност без мешање од страна.
– Само на овој начин ќе ја постигнеме својата цел за ефикасност на кривичната правда и ќе ја зголемиме довербата кај граѓаните, смета Јовески.
Јовески посочи и дека најголемиот предизвик за неговата институција оваа година било превземањето на предметите на СЈО, но дека успеале да докажат дека имаат капацитет да раководат и со овие предмети.