Сторителите за случајот „Монструм“ се обвинети врз основа на цврсти и неспорни докази, вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за „Дојче Веле“ .
Тој рече дека погрешна е перцепцијата во јавноста дека пресудата е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори.
„Пред се би сакал да кажам дека е погрешна перцепцијата во јавноста дека пресудата е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот на загрозениот сведок, дека на одбраната не и е овозможен увид во возилото со што е повреден принципот на еднаквост на оружјето, но и на други околности од утврдената фактичка состојба.“, вели Јовески.