Јовев: Сигурен сум дека министерот ќе ја поправи грешката

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Професор д-р Сашко Јовев во врска со понудата на министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска упати повик до него да биде негов национален советник за кадриохирургија, откако вчера го разреши, како што тврдеше поради неработење и нерегуларности, рече дека тоа е голема чест, но неговото место е на Клиниката за кардиохирургија.

Јовев, кој вчера беше разрешен од позицијата директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, истакна дека министерот нему лично не му се обратил во врска со денешната понуда, но потенцира дека себе си се гледа во Клиниката, заедно со неговиот тим, со кој ќе постигнуваат уште поголеми успеси.

-Сметам дека моето место е на Клиниката за кардиохирургија, да го водам својот тим и заеднички да постигнуваме уште многу успеси, нагласи Јовев, кој денешната изјава ја даде во присуство на проф. д-р Горан Димитровски, претседател на Македонското лекарско друштво.

Јовев рече дека ќе продолжи со борбата, затоа што е сигурен дека министерот ќе ја поправи оваа грешка.

Слични содржини