Овој извештај не е извештај за правото на постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик или македонскиот идентитет. И тоа јас го гледам како сепак доволно јасен сигнал на сите кои што мислат дека со ова бришење победиле – напротив, ја изгубија битката во која сакаа македонскиот јазик да стане нешто што не е, порача европратеничката со македонско потекло, Ирена Јовева за „Локално“ за изгласаниот Извештај за Македонија во Европскиот парламент.
Таа во интервјуто посочува дека тоа што го прави Бугарија е неприфатливо, срамно и тажно и причините за тоа се исклучиво добивање евтини политички поени на национално ниво.
-Искрено, мислам дека во овој момент никој не е доволно паметен да каже што е реално и што не е. Знам дека е тешко и знам и дека не е фер ама не зависи од мене. Најреално мислам дека друга опција освен уставните измени во овој момент нема, вели меѓу другото Јовева за реалните опции за деблокадата на преговорите на Македонија со ЕУ.