Јовевски: Четири часа помалку работа за администрацијата е радикално намалување во нивната продуктивност

од Nikola Popovski
635 прегледи

Јавната администрација со својата работа директно или индиректно имплицира во однесувањето на граѓаните. Решението е погрешно, вели професорот по трудово право, Лазар Јовевски, зборувајќи за предлог законското решение за скратено работно време на административните службеници.

Според него, граѓаните веќе се незадоволни од работата на админстративците, па ова законско решение нема да оди во продуктивноста на работата и ќе предизвика уште поголемо незадоволство меѓу граѓаните.

-Ова е радикално решение, што ќе донесе негативен ефект. Јас дадов намалување од половина час до час во било кој ден. Зошто мора да биде само петок? Сепак со овие 4 часа во петок се прави разлика меѓу вработените во приватниот и бизнис секторот. 4 часа помалку работа значи радикално намалување во продуктивноста на администрцијата. Се повеќе од час и половина е недозволиво за македонски прилики, вели Јовевски во гостувањето на Тема на денот на ТВ Сител.

Слични содржини