Јовиќ има договор со Реал Мадрид

од Vlatko K
153 прегледи

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ е многу близу до трансфер во Реал Мадрид. Според весникот Билд,
22-годишниот фудбалер веќе потпишал прелиминарен договор со гигантот од Шпанија.

Реал Мадрид останува да се разбере со Ајнтрахт Франкфурт за трансфер сумата.

Договорот на Јовиќ со „кралевите“ ќе биде за шест години.

Износот на трансферот се очекува да биде 50 милиони евра.

Јовиќ играше 37 натпревари за Ајнтрахт оваа сезона, постигна 23 гола и даде 6 асистенции.