Јовиќ: Крајно време е да се решат проблемите во Металург

од Vladimir Zorba
332 прегледи

По средбата со Војводина, која Металург ја доби со резултат 30:26 (21:9), тренерот Александар Јовиќ изјави дека и покрај сите проблеми што ги има клубот од Автокоманда, тие се однесуваат достоинствено и професионално.

„Сите ракометари се залагаа на тренинзите и тоа го покажаа и на денешниот натпревар. Имавме едно одлично полувреме, во кое направивме голема разлика, но потоа имавме и пад. На сите им дадовме шанса и победата е само нивна. Се надевам дека тоа го виде целата македонска јавност и сите што се инволвирани во ракометот, вклучувајќи ги и РФМ и АМС. Затоа, би било жално и греота Металург да не продолжи по овој пат. Има потенцијал во овие ракометари“, изјави Јовиќ.

„Имаме многу репрезентативци, вкупно 11 во младинската репрезентација, што беше шеста на изминатото СП. Имаме и тројца сениорски репрезентативци, а во иднина ќе имаме и повеќе. Мислам дека крајно време е да се решат проблемите во Металург, да можеме да останеме сите заедно и со мала надоградба да продолжиме и да бидеме уште подобри“, додаде тренерот на Металург.

Слични содржини