Јозеф Фрицл кој 24 години ја силувал сопствената ќерка префрлен во обичен затвор

од Milan1
326 прегледи

Јозеф Фрицл е префрлен во нормалниот затворски систем, пишуваат германските медиуми.

Австрискиот суд одлучи Јозеф Фрицл, кој ја држеше својата ќерка во заробеништво 24 години, ја силувал и со неа имал седум деца, да биде префрлен од психијатриски притвор во обичен затвор.

Одлуката на судот станува правосилна утре.

„Ништо не му застанува на патот да се префрли“, рече адвокатот на одбраната Астрид Вагнер.

Фрицл боледува од деменција и повеќе не се очекува да врши сериозни злосторства. Сепак, според судиите, тој нема да биде ослободен од „посебни превентивни причини“. Фрицл ќе остане во затвор до крајот на животот, а како што соопшти јавното обвинителство во Кремс, жалба за трансферот нема да има.

Фрицл стана познат како „Чудовиштето од Амштетен“ по градот во северна Австрија каде што ја заклучил својата тогаш 18-годишна ќерка во звучно изолираниот подрум на неговиот дом во 1984 година.

Слични содржини