ЈП „Градски паркинг“ демантира дека лани издале над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање

од Vladimir Zorba

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ја демантира веста дека лани издале над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отвориле само 38 паркинг места“ објавена на 1 август 2022 година, кадешто, според нив, „намерно се спинува и манипулира со бројки и невистини“.

„Во информацијата се твдри дека во 2021 година, биле издадени вкупно 139.819 дозволи за паркирање од категорија „станари“ – нешто што претставува вистинска манипулација и спин во јавноста. Од самиот годишен извештај, кој патем е јавно достапен може да се види дека станува збор за 130.819 дозволи, но, во текот на 12 месеци, што значи вкупно 12.530 корисници добиле дозволи, и тоа: 1800 во зонско паркирање Центар, 730 во затворени паркиралишта и 10.000 во Аеродром (а не 109.537 дозволи, како што се наведува во текстот). Очигледно станува збор за намерно изоставување на овој податок,за да се изманипулира јавноста“, велат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Потенцираат дека новото раководство вовело комплетна ревизија на се’ што е правено во претходното раководство во претпријатието. Со ревизијата која се’ уште трае оваа бројка е намалена и моментално изнесува 11.220 дозволи за паркирање од категорија „станар“, што значи 1.310 помалку дозволи.

„Покрај спроведувањето на ревизијата за работата на претходното раководство, а во однос на отворање на нови паркинг места, новинарите треба да знаат, бидејќи јавноста беше информирана дека, отпочната е соработка со Општина Карпош за отворање на зонски паркиралишта и тоа, кај Млечен, во реонот кај Министерство за економија, Карпош 1 и Карпош 2. Исто така, во разговори сме и со Општина ГазиБаба, од каде што чекаме одговорнa процедурата за подготовка на документација за реон Автокоманда. Во Аеродром во тек е проширување на дел од зоните и отворање на нови паркинг зони. Притоа потенцираме дека во координација со Град Скопје, интензивно се работи на создавање дополнителен број паркинг места како и нови паркинзи“, додаваат оттаму.

Слични содржини