ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека ревизијата која ја спроведува претпријатието на сите паркиралишта со кои стопанисува е се’ уште во тек.
Поради ова, упатуваат потсетување до сите корисници на паркинг услугите по основ на категориите: станар, вработен во правен субјект, правно лице и физичко лице, да ги ажурираат своите податоци и воедно да ги обноват своите договори.
„Доколку корисниците на горенаведените услуги, не ги ажурираат своите податоци и не ги обноват договорите додека трае ревизијата, како претпријатие ќе бидеме принудени да ги исклучиме електронските картици на корисниците на затворените паркиралишта, а корисниците на зонското паркирање да ги исклучиме од системот каде се заведени“, велат оттаму.
Ажурирање на податоците и обнова на договор корисниците на градски паркинг може да се изврши во канцелариите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кои се наоѓаат во Центар на ул. Ѓуро Стругар“ бр. 15А (до катната гаража „Беко“), или во Аеродром на бул. „Јане Сандански“ бр.113, во зависност во кој реон се користи паркингот.