Актуелно
Почетна / Локално / ЈП Комунална хигиена-Скопје демантира дека заловува бездомни кучиња

ЈП Комунална хигиена-Скопје демантира дека заловува бездомни кучиња

Деновиве на социјалните мрежи се појавија бројни тврдења дека на повеќе локации низ градот Скопје е забележан камион на стационарот Вардариште со којшто ЈП Комунална хигиена-Скопје врши транспорт на заловени бездомни кучиња.

По овој повод, би сакале да ги демантираме овие наводи и воедно да ја информираме јавноста дека откако минатата година беше регистрирано ЈП „Лајка“, ЈП Комунална хигиена-Скопје престана да врши заловување и хуман третман на бездомни кучиња во стационарот „Вардариште“.

Камионот што е забележан на скопските улици се употребува од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје за собирање мрши од мртви животни, во рамките на нашите секојдневни активности за одржување на хигиената на јавните површини во градот Скопје. Во недостиг на соодветно возило за намената-транспорт на мрши од мртви животни, ЈП Комунална хигиена-Скопје го изнајмува овој камионот од ЈП „Лајка“.

loading...