ЈП „Македонија пат“: Сите државни патни правци се проодни за сообраќај

од Nikola Popovski
23 прегледи

Од јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“ информираат дека со сите расположливи екипи се на терен и во континуитет се врши расчистување на државните патишта.

По добиените информации од терен, сите државни патни правци се проодни за сообраќај, истиот се одвива во зимски услови и по влажни коловози, велат од ЈП „Македонија пат“.

Оттаму апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови, односно задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.

Исто така апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта, велат од ЈП „Македонија пат“.

Семејство со две деца во автомобил утринава заглавиле во снегот на локалниот пат кај селото Леуново покрај Мавровското Езеро.

Од ЦУК информираат дека гостиварските пожарникари пријавиле дека утрово во 10:21 часот има заглавени лица во снегот кај селото Леуново. Информираат дека на патот кај Мавровско Езеро имало паднати дрвја, што дополнително го отежнувало расчистувањето.

Слични содржини