ЈП „Национални шуми“ од денеска во штрајк

од Nikola Popovski
304 прегледи

По еднонеделен мирен предупредувачки протест околу 2000 вработени во 30-тина подружници на „Национални шуми“ во земјава од денеска стапија во штрајк со барање до раководниот тим на Јавното претпријатие да ја исплати јануарската, како и феврурската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа.

Обвинија дека иако досега им било ветувано дека ќе си ги добијат заработените пари, раководството на претпријатието тоа не го исполнило.

Штрајкот е организиран преку Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, каде членуваат вработените во Шуми. Во штрајк денеска стапија и 52 вработени во подружницата „Црн Бор“ на „Македонски шуми“ во Прилеп.

Барањето на вработените не се однесува само на платите туку и на теренските додатоци кои не се исплаќаат со месеци но и другите додатоци утврдени со колективен договор. Трендафилов од ССМ на раководниот тим на ЈП Национални шуми му порача дека е поразително што не може да исплати плата, а доколку тоа не можат да го направат си поднесат оставка.

„Претпријатието работи цела година, а не сезонски, па така и сезонски да добива редовна плата“, вели Иван Пешевски, претседател на синдикатот на Градешништво, индустрија и проектирање, СГИП, кој барањата освен до компанијата ги адресира и до премиерот и вицепремиерите.

Од раководството признаваат финансиска дупка, но само за овој кус период, затоа и од таму ќе се обратат за помош до владата и ветуваат исплата на јануарската плата најдоцна до среда

Слични содржини