ЈП „Паркови и зеленило“: ЛДП не e упатена за ингеренциите на нашето претпријатие

од Nikola Popovski
60 прегледи

ЈП „Паркови и зеленило“ ги демантира, како што велат, дезинформациите на ЛДП во врска со парковите и зелените површини на територија на Градот Скопје.

-Ве информираме дека  ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите , булеварите, собирните и магистралните  улици кои се под надлежност на Град Скопје. Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општината, велат од ЈП преку соопштение.

Очигледно, додаваат оттаму, ЛДП не била упатена за ингеренциите на нашето претпријатие и не знаеле дека посочената локација што може да се види од фотографите е под надлежност на Општина Кисела Вода.

-Во врска со останатото зеленило под наша надлежност нашите екипи редовно го одржуваат. Според планот за работа ги косиме тревните површини  како би ја одржале оптималната висина, собираме откос, хартија  и отпадоци и истата маса ја товариме и изнесуваме.

Вршиме и полевање на тревата во доцните вечерни часови за да се избегне испарување на водата поради високите температури во текот на денот.

Одржувањето и уредувањето на зеленилото го спроведуваме во согласност со Годишната програма за работа. Исто така нашите мобилни екипи со сета расположлива механизација, од силното невреме што го зафти Скопје веднаш пристапија кон расчистување на теренот и последиците од невремето и продолжуваат се до целосно расчистување“, велат од таму, стои во соопштението на ЈП „Паркови и зеленило“.

Претходно од партијата на Моника Зајкова обвинија за неискосена трева, паднати гранки од дрвја и несредено зеленило. Од ЛДП порачуваат дека се решени да се заложат за подобрување на состојбата на јавните зелени простори, вклучувајќи го чистењето и редовното одржување на зеленилото. 

Слични содржини