ЈПДП ќе го прекине временото задолжение на шефот за контрола на патарини

од Nikola Popovski
35 прегледи

По низата обвинувања од СДСМ, Јавното претпријатие за државни патишта известува дека шефот на контролата на Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски на 28.07.2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола.

-Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, затоа што Законот треба да важи за сите независно на која позиција или функција се, стои во соопштението од ЈПДП.

Претходно од СДСМ излегоа со тврдења дека шефот на контрола на патарините продолжува со злоупотребите, односно дека самиот не плаќа патарина. На прес конференција покажаа документи и фотографии кои до нив ги испратил свиркач.

Бидејќи овие податоци се јавно достапни, од СДСМ велат дека ги провериле на веб порталот од Системот за електронска контрола на патарините и ги потврдиле.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ се обидува со неосновани напади да ја мами јавноста. На забелешката дека Митревски не ги исполнува условите за функцијата на која е поставен, а единствена квалификација му е тоа што е тврдокорен партиски кадар и сопруг на советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Велес, од владејачката партија одговараат дека одговорни за партизацијата се нивните опоненти.

Слични содржини