Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ги демантира информациите кои вчера беа изнесени на седницата на Советот на Град Скопје, и, како што велат, предизвикаа паника и вознемиреност кај дел од граѓаните, особено кај учениците од средните училишта во Град Скопје.
ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека автобуската линија број 35 воопшто не е укината ниту променета. Дополнително, таа не беше ниту предмет на разгледување во Одлуката за измена на линискиот превоз на патници во Град Скопје.
„Ги повикуваме граѓаните, особено корисниците на јавниот превоз во Град Скопје, со резерва да ги прифаќаат непроверените информации изнесени во јавноста. ЈСП Скопје останува посветено на обезбедување сигурен, редовен и достоен јавен превоз за сите граѓани“, стои во соопштението од ЈСП.
Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Милица Давчева вчера обвини дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја укинале автобуската линија 35, која досега ги поврзувала населбите Чаир и Аеродром.
Според неа, со новиот возен ред за линиски автобуски превоз во Скопје, никаде не се споменуваат ноќните линии ниту линиите на приватните превозници.
-„4“ во понаселениот дел на Хром, од понеделник до петок поаѓа на 40 минути односно сега со промената ќе биде на 45 минути, а „7“ во Горно Лисиче има интервал од 25 минути. Исто така, во сабота, „4“ во Хром е на 50 минути, ако се земе во предвид дека голем дел од Влае ја користи оваа линија. Не работат сите во државни институции, има граѓани кои работат и во сабота и недела и на овој начин не можат да се возат“, кажа вчера советничката од редовите на Левица.
Давчева: Град Скопје сака да го менува возниот ред, а автобуси уште нема