ЈСП: Дваесетина луѓе ги спречуваат возачите на автобусите да работат

од Берта Китинска
114 прегледи

Од утринава, дваесетина луѓе од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и т.н. независен синдикат на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје спречуваат возачите на автобуси редовно да си ги вршат своите работни задачи, спротивно на член 35 од Законот за Јавните претпријатија со кои се уредува начинот на штрајк. Ова е реакцијата на ЈСП утрово испратена до медиумите откако Скопје за прв пат остана без јавен превоз.

„Овие дваесетина лица немаат штрајкувачки одбор, ниту пак имаат пријавено редовен штрајк. Дури и во случај да го имаа редовно пријавено штрајкот, истите согласно Законот за јавни претпријатија мораат да обезбедат редовно функционирање на претпријатието додека трае штрајкот.

Поради ова, Град Скопје ќе ги почитува законските мерки и ќе поднесе соодветни кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и го држат во заложништво Скопје и скопјани.

Уште вчера Град Скопје подготви одлука за пренамена на средства со кои ќе се обезбеди исплата на последната плата која доцни 5 дена поради неисплата на долгови кон претпријатието од страна на Министерство за образование и општините“, се вели во реакцијата на ЈСП.

Од таму апелираат членовите на управниот одбор на ЈСП да постапат согласно нивните законски обврски, во спротивно ќе бидат дел од кривичната пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието.

Слични содржини