160
ЈСП Скопје информира дека во недела (31.12.2023 год) и понеделник (1.01.2024 год), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од вторник (2.01.2024 год) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Во недела (31.12.2023 год) и понеделник (01.01.2024 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе бидат затворени.
Од вторник, тие ќе продолжат со вообичаено работно време.
Жичарницата, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.