ЈСП не може да им исплати плати на вработените но вината не ја гледа кај себе туку во Владата.
Откако возачите се заканија дека доколку не ја добијат септемвриската плата до утре на пладне Скопјани ќе останат без јавен превоз.
Секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров истакна дека во моментов на ЈСП „Скопје“, Министерството за образование и наука му должи вкупно 120 милиони денари, 40 милиони денари должат општините, а дополнителен финансиски притисок, како што истакна, претпријатието чувствува и поради наследениот долг од 90 милиони денари кон приватните автобуски превозници.
Тој информираше дека ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестира пред булеварот во Владата.
-Јавното сообраќајно претпријатие Скопје апелира и бара од Владата, општините и сите должници кон претпријатието во најкус можен рок да ги исплатат своите обврски со цел да се овозможи нормално функционирање на претпријатието. Во моментов Владата, односно Министерството за образование има долг кон ЈСП од 120 милиони денари или околу 2 милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари, истакна Глигоров.
Како што рече, долговите кон ЈСП кои се бројат во милиони евра го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието и создаваат проблеми во тековната работа, односно исполнување на обврските кои претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.
-Во услови на економска и енергетска криза кога цените на горивата речиси секојдневно растат, во услови во кои ЈСП Скопје има заостанати долгови наследени од претходните раководства на претпријатието недозволиво е државните институции да се однесуваат игнорантно и да не ги исполнуваат своите обврски. Скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието најавува дека од утре среда 12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП, додаде Глигоров