Од утре, сабота (25.04.2020 год) од 15 часот, па до понеделник (27.04.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира, информираат од ЈСП.
Ваквиот режим е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на граѓаните во посочениот период.
-Утре, сабота (25.04.2020 год) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат од 5 до 15 часот, по саботен возен ред.
Останатите термини, пред последните посочени, може да се видат на веб страницата www.jsp.com.mk.Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар, велат од ЈСП.