Со неколку автобуси раководството на ЈСП и Град Скопје во знак на протест ја блокираше улицата пред Владата.
-Оној кој што должи треба да ги реализира своите обврски.Скопјани ќе добијат јавен превоз. Нашата обврска ќе биде реализирана и ги уверуваме вработените во ЈСП дека платата ќе реализираме согласно сите законски обврски, Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров.
Тој посочи дека Министерството за образование и наука му должи вкупно 120 милиони денари, 40 милиони денари должат општините, а дополнителен финансиски притисок, како што истакна, претпријатието чувствува и поради наследениот долг од 90 милиони денари кон приватните автобуски превозници.
– Граѓаните можеа да ги слушнат сирените кои свиреа во 5 до 12. Тоа беше едно симболично предупредување со кое сакаме да укажеме дека оние кои што должат треба да ги исплати своите долгови. Скопјани заслужуваат јавен превоз, скопјани ќе го добијат јавниот превоз кој ќе го реализираме без разлика на проблемите со кои се соочуваме и без разлика на притисокот кој ни се прави – истакна Глигоров.
Додека тој говореше се слушаа гласови од позадни од страна на вработенитео кои прашуваа: „Ќе има ли денска плата?“ , „Кога ќе има плата“.
Иако тие се надлежни за исплата на платите, за ситуацијата ги обвинуваат долговите кои ги има Министерството за образование и неколку општини спрема Град Скопје за услугите на ЈСП.
Доколку денеска не ја добијат септемврската плата, вработените во ЈСП се заканија дека утре со семејствата ќе протестираат пред седиштето на јавното претпријатие.