ЈСП Скопје информира дека ќе има штрајк на дел од возачите, но дека причината е нелегитимна. Сепак појаснуваат дека функционирањето на јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки.
-Апелираме до медиумите да бидат одговорни и да не шират лажни вести и паника кај граѓаните. Истовремено, сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена е платата на сите вработени во ЈСП, велат од Јавното сообраќајно претпријатие.
Апелираат медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити.
За утре има најави дека дел од вработените во ЈСП од 4.30 часот наутро ќе започнат со штрајк кој ќе трае до 12.30 часот и ќе се одржи пред дирекцијата на Јавното претпријатие во Автокоманда. Барањето е да има усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието.