ЈСП не побарал помош од Агенцијата за примена на јазикот,  што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија.

-При преводот консултиравме тројца Албанци, вработени во ЈСП Скопје. Во случајов направен е ненамерен пропуст при печатење на билетот за 1 возење. Пропустот ќе биде исправен кога ќе се печати новата количина од предметниот билет, појаснија од ЈСП во изјава за Локално.

Овој билет покрај тоа што може да се купи во автобусите може да се најде  и во сите билетарниците на претпријатието и чини  50 денари.

Од 17 февруари во автобусите на ЈСП „Скопје“ патниците можат да купат билет за едно возење. Веднаш по неговото пуштање во продажба беше констатирана грешка при преводот.

„Билетот е за едно патување. Билетот мора да биде валиден и да „се избричи“ до крајот на возењето. Билетот што не е валиден се смета за неважечки. При контрола, билетот за верификација се дава на овластеното лице. Возењето со неважечки билет е казниво. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.skopska.mk”, пишува во преводот, кој првично беше објавен од Алсат М.

Б.М

Слични содржини